Утринско кафе со Александар Галоски: Утрото ми почнува со две дози еспресо

Во зависност од тоа каде сум на турнеја во светов, денот последниве неколку години ми почнува со најзвучниот аларм затоа што не смеам да дознам на некој важен состанок или лет. Но прво што правам кога се будам е отварам маил или „whatsapp“ да не треба да одговорам на некоја важна порака. Првите чекори од кревет се право кон кафето, денот започнува со две дози долго еспресо, без шеќер. Првото кафе обожавам да го пијам сам во мир и секако некоја тивка музика во позадина нешто како „Snakehips – On & On”.

Сончев ден ми е посебна доза мотивација за извршување работа на комплицирани проекти.  Посебно ме мотивираат цели и работи кои на почеток ми изгледаат невозможни, секако самата работа за големи диџејски имиња и реномирани издавачки куќи ми е посебна инспирација за продуктивен ден. 

Во завивност кој ден од неделата е, секој ден има посебен распоред. Понеделник е ден кога се прегледува и освежува музичкиот каталог, се работи на менаџмент за изданија и настани, вторник и среда се денови кога поминувам дури и по 16 часа од текот на денот во студио, четврток половина ден е во студио – половина е проверка на музика и приреми за настапи за претстојниот викенд.  Викендите претежно се со настапи и патување, во некои случаеви се работа во студио. Слободна недела не паметам дека сум имал последниве 7 години. 

Денот завршува во студио, а моментите пред да заспијам обожавам да прочитам новости од ширум светот, читам работи поврзани со музичка продукција, гледам секој момент да научам нешто екстра што би ми ја олеснило работата во студио следниот ден. Сакам да изгледам добар анимиран филм, мислам дека последниве шест месеци сум доста инспириран од гледање анимирани филмови. „How To Train Your Dragon“ ми е омилен анимиран филм. Исто „UP” и „SING” доста силни пораки од нив. 

*Александар Галоски - македонски диџеј