Утринско кафе со Александра Трпеска: Креативниот процес нема редослед, туку е еден сладок хаос

Најчесто сабајле го пијам дома првото кафе, сама. Тоа е момент кој си го посветувам сама на себе и уживам да видам што ќе облечам или да се нашминкам додека го пијам кафето.

Креативниот процес нема редослед, туку е еден сладок хаос. И секој ден е различен. Ама доста време во денот поминувам во креирање на содржина/слики и состаноци. 

Ме мотивираат луѓето околку мене. Моите родители и пријателите. Мислам дека не можам ден без нив. Се чувствувам дека до мене имам луѓе кои носат полн свет во себе и тоа ме воодушевува. Исто така ме мотивираат лошите работи. На секоја лоша работа се обидувам да вратам со дупло добро. 

Зависи од денот... вечерта ми завршува или со пријателите на некој настан или дома во кревет - netflix & chill. Сакам и книги и филмови.

*Александра Трпеска- блогерка