Утринско кафе со Драган Божино: Ги мешам креативните мисли со својата љубов кон кафето и создавам нови концепти, позитивни насоки и уникатни идеи

Секој нов ден е празно платно, чекајќи да биде исцртано со нашите идеи, страсти и одлуки. Тоа е прилика за креативност, за придонесување на уникатни моменти во сопствениот пат и шанса за предизвиците што ни ги носи. Па така денот ми започнува со време за себе - кратка медитација и момент на благодарност. Пред да го земам првото утринско кафе, ја пронаоѓам својата мирна точка и се фокусирам на позитивните аспекти на мојот живот. Со отворени раце ги прифаќам  предизвиците што ми ги носи денот.

Според мене кафето не е само напиток, туку искуство на убавина и многу повеќе од тоа. За мене, моментот на уживање во кафе е ритуал кој го оживувам со секоја глотка. Го пијам со почит, со цел да уживам во секој драгоцен момент на оваа убава радост. Најчесто го пијам во колата додека патувам кон работа, со убава гласна музика која ја уживам и ми создава пријатна атмосфера за почетокот на работниот ден.

Кафето за мене е непроценливо искуство и не е само обичен напиток, туку и извор на инспирацијатуку - цело уметничко дело во мојот ден. Преку љубовта кон кафето, отварам врата кон креативност и уживање во секоја глотка. 

Секој утрински ритуал со кафе е време што го посветувам на себе си. Го собирам моето размислување, истражувам нови идеи и планови, и покрај сето тоа, го претварам кафето во мало уметничко дело.

Ги мешам креативните мисли со својата љубов кон кафето и создавам нови концепти, позитивни насоки и уникатни идеи. Откако ја развив љубовта кон кафето ја чувствувам појаката способност да се фокусирам на своите цели и да бидам креативен во решавањето на предизвиците. Кафето не само што ми дава енергија, туку и инспирација, ги отвора моите сетила за секој мал дел од убавината што го носи секој нов ден.

Моето кафе е едноставно - чиста „горчина“, без додатоци (се смее). Го сакам вкусот на чистото кафе, без слатки вкусови да го изменат вкусот на вистинското.

Освен кафето, енергијата која ми ја даваат медитациите е непроценлива. Тоа е време што го посветувам на својата внатрешна хармонија и спокој што ми дава стабилност за предизвиците.

Во исто време, креативната работа ме поттикнува и ме инспирира. Преку изразувањето на мојата креативност добивам дополнителен поттик за ги завршам сите задачи. Сепак, луѓето кои ги сакам се извор на најголема енергија. Нивната љубов и поддршка ме движат со неизмерна позитивна енергија која ми дава сила да се справам со секој аспект од животот.

Мотивација лежи скриена во секој момент и искуство. Тајната е во способноста да се види потенцијалот и да се научи од секој детаљ, од секој разговор, од секоја неуспех и успех.Во споделувањето на искуства, во отвореноста кон нови идеи и во растот што доаѓа од исклучителноста на секој момент - таму е изворот на вистинска мотивација.

Во моите дневни планови, работните обврски се централен дел - се залагам за создавање и дизајнирање на креативни решенија што ќе ги задоволат потребите на клиентите. Но, креативноста не завршува таму. Дел од времето го посветувам само за мене и уметноста, односно креирање на нови уметнички дела и истражување на нови начини за изразување. Постојат и денови кога ќе се изместат плановите но секогаш ја гледам светлата страна на тоа.

Мојот ден завршува во различни тонови, секој со својата убавина. Некои денови, ги завршувам со поглед кон екратонот од  компјутерниот, завршувајќи ги последните детали на проектите. Друг пат, цела вечер ја поминувам пред платното со четка во рака патувајќи во уметничките светови што ги создавам.

Но најособено и најпрекрасно е кога вечерта ја поминувам со оние кои ги сакам. Тие моменти на разговори, смеање и споделување на моменти се дополнителното “гориво“ на мојот ден. Тоа време го ценам најмногу, бидејќи во нив го наоѓам срцето и љубовта.


За мене, читањето на книги е љубовта што непрекинато го одржува моето срце исполнето со знаење. Ги обожавам книгите за езотерија, психологија и квантна физика и сл., бидејќи ме носат во свет на мистерии и истражување на човечката уметност. Тие страници се портал до неизмерни димензии на знаење. Филмовите, иако не ги гледам толку често можам да кажам дека дел од нив успеаат да ги доловатт емоциите и причините на начин што ме оставаат без зборови.

Со благодарност го започнувам и го завршувам денот, го исполнувам секој миг со високо ценење за сето она што го имам и за сите искуства што ги доживувам. Таа убава мисла на благодарноста ми го осветлува срцето и му носи вистинска среќа на секој ден.

Драган Божино – уметник/графички дизајнер