Утринско кафе со Ѓорги Галетановски: Ме мотивираат среќни луѓе со смисол за животот
Се будам во осум часот наутро и првото кафе го пијам на работа, доколку е понеделник.
Ме мотивира кога ќе видам среќни луѓе кои имаат смисол за животот. Денот го започнувам со тоа што гледам какви обврски имам. Доаѓам на работа. Се гледам со колегите и ги договараме работните состаноци и се така до 16 часот. Потоа заминувам дома на ручек со семејството, па некогаш знам потоа да одморам, а некогаш не.
Вечерта ми е резервирана за средба и дружење со другарите, а потоа пешачам рекреативно на кејот на Вардар, од Палас до Влае и назад. За книги немам многу време. Повеќе сакам да одам на кино и да гледам добар филм. Штом стигне премиера, веднаш го гледам филмот. Исто така, следам спортски натпревари и сум љубител на ракомет и кошарка.
Ѓорги Галетановски - Дипломиран менаџер за човечки ресурси и директор на ЗОО Скопје