Утринско кафе со Горица Ѓорѓиев: Никогаш не се откажувам од своите зададени цели, се гордеам со својата упорност!

Секој ден од работната недела ми започнува релативно рано.
Веќе неколку години првото утринско кафе го заменувам со топлите прегратките на моите два сина Калист и Јаков, како и сопругот Даниел.

Викендите ми се омилени, сакам да се разбудам подоцна, а потоа ме чека првото утринско кафе кое ми го подготвува сопругот. Викендите ми ја даваат целата сила, енергија и мотивација за секоја наредна работна недела.

Неделна рутина - утринска подготовка за на работа и училиште, во 7:30 часот децата се оставени на училиште, а јас во 08:00 часот пристигнувам на моето работно место во Кроациа осигурување. 
Обожувам турско кафе, и првото кафе го пијам со моите колеги, каде што уживам во разменување на мисли, шали и позитивна енергија, потоа е полесно да се испланираат работните обврски и агендата за целиот ден.

Работниот ден во осигуритниот сектор е многу динамиченен и интересен, секојдневните состаноци со клиенти даваат можност да понудиш финансиски производ, но и да научиш од секој клиент и област по нешто ново. Јас сакам да работам со луѓе иако многумина велат дека е најтешко, но мене тоа ме мотивира. 
Во време на пандемија многубројните признанија за моите професионални достигнувања во Кроациа осигурување Живот, се само потврда дека со цврсто поставени цели, фокус, желба и многу љубов, може да се надминат сите предизвици и да се реализираат целите. Во Компанијата сум повеќе од 3 години, пред сè сум среќна што компанијата препознава потенцијал и им дава шанса на вработените за кариерен развој.

И после успешно завршен работен ден, повторно се враќам на мојата најголем мотивација, децата и сопругот. Моето хоби е готвењето, мојата креативност и љубов за естетиката ја изразвувам преку храна зготвена со многу внимание и љубов, па така вечерите ги поминуваме со убава храна и чаша вино, љубовта е неизбежна.

Викендите сакаме да ги поминеме пешачејќи низ шумите на Водно, возење велосипед и дружење со пријателите. Јас не сум љубител на ТВ екраните, секој слободен момент го крадам да прочитам добра книга, да слушнам мотивационен говор, медитација, и секако, професионална надградба со следење на сите новитети и трендови во делот на осигурувањето.


*Горица Ѓорѓиев - Менаџер за корпоративни клиенти