Утринско кафе со Ивица Јанев: Утрото ми почнува со домашен јаболков оцет кој е еден од еликсирите на младоста

Веќе неколку години имам една иста рутина после будење. Имено додека Античките Богови пиеле нектар за вечна младост јас бидејки сум далеку од бог си пијам најпрво неколку голтки домашен јаболков оцет, да ме размрда малку, а секако ова е еден од еликсирите на младоста и на здравјето, а воедно е и еден од најголемите непријатели на мастите. Потоа следува утринското кафе кое од понеделник до петок секогаш го пијам сам пред копјутер. Додека за викенд ми е најслатко бидејки го пијам заедно со Елена.

ЖИВОТ... самата можност да живееме и твориме, тоа ми дава мотив за секој нов ден...  особено кога секој нов ден успевам да променам по еден нов живот на подобро. Јас неколку пати бев во скоро безизлезна ситуација и знам како е да се качуваш скала по скала нагоре...


Мотив наоѓам од се што навидум изгледа тешко и невозможно...секогаш одбирам потежок начин бидејќи тогаш знам дека е вистинито...така ме научил животот... особено животот во туѓина (живеев во САД 7 години) и после 2 тешки сообраќајки од кои си имам неколку килограми метал во мене и сега сум терминатор (се смее) . Ништо не доаѓа лесно, па затоа јас се трудам да сум подготвен однапред... а на ова и ги учам и моите клиенти.

Со самото будење и моето кафе најчесто дупло еспресо веќе сум на компјутер и започнувам реализација на веќе однапред утврдените дневни планови. Бидејќи сам си ја организирам мојата работа и секој успех или неуспех зависи од мене се трудам да сум организиран на највисоко ниво. Имено јас имам годишен план и месечни планови. Месечните планови ми се поделени со неделни планови, а неделните со дневни планови. Секогаш цел месец ми е однапред испланиран и секој ден точно знам што имам за обврски. На пример секој понеделник задолжително комуницирам со сите мои клиенти тоа се околу 50тина... во вторник веќе започнувам со изработка на програми според однапред предвидениот редослед. Секој ден имам точно на кој треба да му изготвам програма, со други зборови да му го испланирам секој ден од тековниот месец, а секој петок аплоадирам нови програми на сите клиенти, и новите кои започнуваат и на старите кои продолжуваат, додека сабота имам телефонски повици со сите кои добиле програма... па кога ќе видете се е децидно испланирано...


Најчесто денот го завршувам со мојот тежински тренинг и туш па потоа вечера заедно со Елена. Периодов тоа е најчесто риба бидејќи веќе со години ги држам Велигденските пости но само со варена риба. За време на вечерата си споделуваме кој како го поминал својот ден и најчесто правиме планови за како ќе го поминеме викендот и кое Македоско село ќе го посетимие. Откако ги посетивме скоро сите археолошки наоѓалишта и споменици од Пајонија (Пајонија била многу моќна држава која се простирала на поголемиот дел од сегашните Македонски простори, изобилувала со силни војни за која и Хомер пишувал во Илијадата, а особено се истакнале во Тројанската војна... се додека Филип 2 не ги обединил и станале дел од Македонското царство ) па потоа и од Македонија. Сега веќе ги шетаме Македонските села. Секое село плени со своја убавина, а старите куќи и селските чешми потсетуваат на една посебна убавина која е скоро заборавена од модерното време.

Читам и книги но тоа претежно е некоја литература со која го збогатувам или обновувам моето професионално знаење... за релаксација дефинитивно филм... тоа ми е и целта. Секоја вечер пред легнување да можам да изгледам еден филм... обожавам филмови од Античко време или историска содржина...


(*Ивица Јанев - Сертифициран Нутриционист и Тренер во САД и Балкански Шампион во бодибилдинг -)