Утринско кафе со Јордан Митев: Часовникот не се враќа назад
Денот ми почнува во зависност од
активностите. Некогаш е мирно,но некогаш е доста турбулентно и напорно и тоа
може да трае со денови еден по друг. Најчесто првото кафе го пијам со сопругата
и со фамилијата.
Немам некои обврски кои што морам во толку и толку часот секој ден тоа да го правам. Кај мене секој ден е различен.
Ме мотивираат неколку работи, а најмногу моето минато до 18 години што го имам проживеано и помислата дека животот е прилично краток, времето некако бргу одминува и доколку сака човек да направи нешто во животот, мора многу паметно и рационално да го потроши своето време. Часовникот не се враќа назад.
Бидејќи секој ден е различен повторно не се знае
кога може денот да заврши. Некогаш вечерта знае да трае со следното утро, кога
сум на снимање, на настапи, на турени. Но кога е мирно, секако повторно е тука
фамилијата. Јас сум човек кој што ужива кога е опкружен со семејството, тоа ме
прави среќен.
Читањето
ми дава некоја посебна енергија, ме полни со знаења и искуства и како да човек
самиот себе се искачува една скала повисоко од својот личен психолошки развој. И добар филм, секако. Кога сум сам најчесто „Нетфликс“ ми прави друштво.
* Јордан Митев, естраден уметник