Утринско кафе со Кирил Трајковски: Денот ми почнува со бебешко галење

Денот ми почнува со бебешко галење. Имам среќа што Дениција е многу голема маза. Кафето го пијам со мојата сопруга. Секојдневието ми е секогаш е различно, зависи од обврските. Никогаш не се случило да биде исто, живеам динамично. А, обврските си доаѓаат со животот. Периодов сум ангажиран околу мојата фамилија како и мојата музичка кариера.

Ме мотивираат работи во самиот момент кога добивам инспирација за некое дело, независно дали е музичко или филмско. Се мотивирам кога сум задоволен од самиот себе, а и од моето тело. Сакам работи кои ме тераат да се чуствувам здрав ( трчање / теретана ) како и работи кои го зацврстуваат моето ментално здравје, а тоа го постигнувам со слушање музика или разговор со драги пријатели.

Денот ми завршува различно. Некогаш во кафеана, некогаш фамилијарно. Некогаш не се знае. Кога станува збор за филмови или книги, зарем не ли е очигледно дека ќе одговорам позитивно

* Кирил Трајковски Максим - музичар, режисер, пејач