Утринско кафе со Мики Недиќ: Ме мотивира силниот карактер на мајка ми и сестра ми

Во принцип, наутро ретко некој ме трпи и не се зборува со мене додека не се расонам убаво, а првото кафе го пијам со колегите на работа. Мотивација ми даваат многу работи. Прво сонцето наутро, потоа ме мотивираат луѓе со убави и креативни идеи. Ме мотивираат борбеноста и силниот карактер на мајка ми и сестра ми, а ме мотивира и добра музика. 


Во фирмата каде што работам имаме сериозни обврски, но среќа што колегите ми се одлични, па се надополнуваме, помагаме и ги завршуваме обврските на време. После работа одам да вежбам, задолжително пијам кафе со драги личности, па дури и да имам обврски надвор од работното време, одвојувам време и за нив. Последен проект за кој сум ангажиран е учество во видео запис на најновата песна на Елена Ристеска, сепак е чест да се соработува со ѕвезда како неа. 


Вечерта ми завршува со храна. Искрена личност сум и сите што ме знаат доволно, ќе потврдат дека фрижидерот ми е најдобар другар во ноќните часови. Остатокот од вечерта го минувам таму каде што се чувствувам сакано и среќно.


Не дека не сакам да читам книги или да гледам филмови, но повеќе сакам да изгледам некој интересен документарец или да прочитам некои колумни или статии. А, кога имам време, пред се би одбрал да гледам „The Voice“ или „I got the talent“. 


Мики Недиќ, вработен во MacSun, фотомодел