Утринско кафе со Мирјана Славеска: Предизвик ми е да работам во компанија која го препознава и вреднува индивидуалниот труд

Денот го стартувам во 06:15ч, без оглед дали е работен ден или викенд и се обидувам да го започнам со насмевка . Го почнувам денот со голема чаша вода и микс од апетисани и мед. Потоа следат одредени јога активности, медитација, вежби за истегнување и будење на телото.

Сакам и одбирам да сум опкружена со насмеани и весели ликови, независно од возраста, кои шират убави вибрации, кои се сакаат и прифаќаат себеси и ги почитуваат различностите.

Среќна сум што моето образование, знаење и искуство, успешно го применувам и надградувам со чести обуки во Кроациа, а за тоа се доказ и многубројните добиени награди и признанија.


Ме мотивира и предизвик ми е да работам во компанија која го препознава и вреднува индивидуалниот труд, која дава можност за личен и професионален развој.

Работиме во една комплексна и специфична бранша, во која е неопходна постојана будност, информираност, себемотивација, самодисциплина и вложување на огромна енергија.

Во компанијата струи млада, позитивна и динамична енергија, каде покрај индивидуализам, има и тимска работа, споделување на лични знаења и искуства, чести тим билдинзи и другарување. Тоа ни овозможува да се одржиме успешни и исполнети во континуитет.


Работниот ден ми започнува со краток утрински тимски координативен состанок со какао напиток, во кој си разменуваме насоки, планирање и договарање околу тековниот ден, како и споделување на активностите и случувањата од претходниот ден. Динамичен и различен ми е секој работен ден. Тоа подразбира подготвување на прегледи и извештаи, комуникација со многу луѓе, одржавање на продажни состаноци, информирање на клиентите за новитетите од областа на осигурувањето, како и низ разговор, правење обид за подигање на свеста за важноста на животното осигурување за сите нас. Меѓу дневните обврски ми е и организирање, координирање и менторирање на најдобриот тимJ. Чувствувам како прекратко да ми трае денот.


После работниот ден потребен ми е 30 минутен одмор,сама во тишина. Попладнето повеќе ми личи како втор ден J. Често тоа е прошетка во природа, кафуле или домашна забава, дружба со пријателите и семејството. Како дел од дневната рутина ми е практикување на јога, читање на литература од областа на модерната психологија, претпочитам да биде практична и применлива, за себенадградување. Понекогаш гледам и некое добро филмче. Околу 22:30 часот веќе го привршувам денот, со кратко резиме на тековниот ден, како и план за утрешниот ден. Како викаат ,,кој рано рани...,, рано и му се приспива.


(*Мирјана Славеска - Менаџер за интерна продажна мрежа - Кроациа Осигурување)