Утринско кафе со Сања Спасовска: Мотивација ми е постојаната желба да бидам подобра во сè

Денот го започнувам со голема шолја чај, најчесто сама, правејќи план за денот или со фамилијата за време на викендите. 

Мотивација добивам од природата, планините, луѓето околу мене и постојаната желба да бидам подобра во сè она што го правам. 

Со оглед на тоа што се бавам активно со спорт, пред сè главна обврска ми се секојдневните тренинзи, потоа работата и секако дружењето со најблиските пријатели.

На крајот од денот сакам да се опуштам покрај камин, во друштво или филм кој најчесто го заспивам. Сакам книги, но морам да признаам сè помалку време наоѓам за читање, а филмови и серии гледам повеќе. 

За празниците кои ни следуваат секако ќе бидам на планина, исполнувајќи ги деновите со бордање, дружење и уживање во зимската идила. Мојата новогодишна порака до читателите е: „Оставете ги лошите сеќавања во изминатата година и започнете ја новата со нови цели, чисти мисли и позитивна енергија.“.

( * Сања Спасовска- Sanja Snow, сноуборд репрезентативец и графички дизајнер)