Утринско кафе со Сезер Салихи: Се додека имаме љубов можеме да се мотивираме

Денот ми почнува со музика, таа е показателот на моето расположение низ денот. Првото кафе го пијам сам или со мајка ми, или со друштво на музиката која е секогаш тука. Тишината, музиката и кафето се утринка медитација! Ibrahim Maalouf и Dhafer Youssef можам да ги препорачам за друштво на првото утринско кафе. 


Мотивацијата кај секој човек е релативна, мене ме инспирира секојдневието конкретно за  мотивација. Секојдневието се мали материи кои го одсликуваат животот. Ние таму наоѓаме инспирации, јас како уметник и емотивно битие се инспирирам и ми влијаат сите работи кои ми даваат хајп да продолжам да го правам тоа што го знам и умеам. Се додека имаме љубов можеме да се мотивираме, во спротивно мотивацијата ќе биде само испумпан капиталистички поим кој нема везе со вистинската мотивација. 


Првично работата, работам во медиум тоа е голема обврска и скоро го пополнува секојдневието, кога наоѓам време работам на персонални работи, филм, книга, фотографирање. Моментално пишувам книга, сакам да реализирам пар проекти кои наскоро ќе се остварат. Фотографирањето на страна е сега за сега затоа што веќе имам една готова и работам да се реализира. 

Вечерта ја минувам некогаш со моите, некогаш со пријателите, некогаш со омилената личност, некогаш со цигарата и музиката, некогаш гледајќи гледајќи или пишувајќи. Се зависи од денот и фокусот. 

Па сакам и да гледам филм и да читам книга, но моментално пишувам сценарија и книга, не можам да читам книги, филмови гледам по често отколку книга. Последникот филм кој го гледав беше од Абас Киористами Through the Olive Trees, последната книга која ја прочитав беше од Кафка Афоризми. 


(Сезер Салихи - режисер, писател и фотограф)