Утринско кафе со Спасија Вељаноска: Ме инсппирираат советите од татко ми

Секој ден ми започнува во исто време, будење во 7.30 (без аларм). Потоа следува утринското кафе кое е најслаткото кафе во денот. Се пие полека и во друштво на мајка ми и сестра ми и папагалот Живко-Жиле кој не „малтретира“ со неговото пеење сабајлечки. Ме мотивираат многу работи: успешни животни приказни, луѓе со убава енергија, ме мотивираат и инсппирираат советите од татко ми. Од луѓе што биле, виделе, допреле искусиле дел од светот.

Што се однесува до дневните обврски тука е подготовката за емисијата „Урбан Таг“, одиме во живо од понеделник до сабота во 17.10 минути. Тоа подразбира брзо темпо бирање на гости, ѕвонење, договарање, снимање и монтирање на прилози, вадење на материјали за гостите и истражување за нив. Иииии во 17.00 часот влегување во студио со насмевка на лицето задолжително. По успешната емисија следува кафе со Тино и Сања тоа ни е мал ритуал.

На крај доаѓам во маало каде што се уште го негуваме она собирање пред зграда со сосетките (средбите не поминуваат без храна флија, мантии, упишии и пити кои се секојдневие) ете вака ми завршува секој ден.

Книга или филм? Хмммм тежок е изборот. Филм во кино - чувството е непроценливо. Од друга страна кога сакам да избегам од секојдневието и да се нурнам во друг свет задолжително избирам книга.

 (Спасија Вељаноска - водител)