Утринско кафе со Златко Анчевски: Зависен сум од серијата „Чернобил“

Добивај вести на Viber

Утринското кафе обично го пијам заедно со „Балкан бенд“, секогаш има што да си кажеме. Зависно од обврските, договараме нови проекти, работно лето кое е во тек и она што спремаме од септември натаму, да го видите од „Балкан Бенд“. 

Најмногу ме мотивираат хумани луѓе кои несебично го делат и последниот залак за да помогнат некому. Ме мотивираат и сите оние кои несебично ни ја даваат поддршката на нашите настапи, магијата на публиката на која секогаш им е "малку" од нашите песни.

Во принцип јас сум ранобуден, секое утро ми започнува со гоооолема прегратка од моето дете, тоа е наш дневен ритуал. После тоа, кафе како што кажав погоре, па татковски обврски кои ги има многу, а во попладневните часови најчесто се поврзани повторно со Балкан бенд, проби и секако договарање на настапи. Во принцип, сакам да стигнам секаде ама тоа и не е така возможно секој ден.

Денот ми завршува со најблиските, со сопругата и со оние што најмногу ги сакам. Во принцип, книги обожавам, но повоторно ќе кажам, колку ми дозволува времето. Читам понекогаш странски автори но она нашето, македонското ми е најомилено. 

Филмоман сум и секое слободно време го користам да гледам добар филм а во последно време сум "зависен" и од американските серии кои како што е „Чернобил".

* Златко Анчевски, фронтмен на „Балкан бенд“