Утрото навистина менува сè: Рецепти за подобар, посреќен и поисполнет ден! Не е тешко, а промената е голема!

Добивај вести на Viber

фото:Shutterstock

Дали сте размислувале како би било да имате совршен ден после толку време?
Не мора да го чекате тој ден и не мора да се надевате дека тоа ќе се случи случајно, можете сами да го создадете. Ние ви ги донесуваме најдобрите рецепти за утро што менува сè.

Откријте што треба да направите и од каде да започнете.

Утрото е најважниот дел од денот

Дали сте од оние кои стануваат весели и насмеани? Ако не сте, во ред е ќе научите. Навистина има малку луѓе кои стануваат со насмевка пред нивниот будилник. Изгледа тие имаат моќ да сторат сé што сакаат. Таквите луѓе пристигнуваат навремено, имаат доволно време за утрински тренинг, и за ручек со семејството и за пијалоци со пријателите. Сепак, како одминува времето, сфаќаме дека ни требаат дополнителни часови за да постигнеме сè. 

Ако ја промените утринската рутина, тоа ќе го промени целосниот тек на денот, велат експертите. Да видиме дали вреди да се обидеме.

Како да се разбудите насмеани?

Од самиот почеток на денот треба да започнете да создавате ден. Како се прави тоа? Како што заспивате, ќе бидете фокусирани и концентрирани. Ќе можете да влијаете на протокот на вашите мисли и ќе ги донесувате одлуките полесно. Игнорирајте ги сите негативни мисли. Погледнете смешно видео или прочитајте убав текст што ќе ве инспирира. Кажете си неколку убави зборови и заблагодарете се за сè што имате денес. Нашиот мозок на тој начин добива информација дека сè е во ред и дека може да се релаксира, дека може да ужива денес.

Не го одложувајте алармот. Веднаш штом ќе заsвони, станете затоа што тогаш започнува вашиот нов ден и ќе биде фантастичен! Кога ќе станете, отворете ги прозорците, кренете ги ролетните, наместете го креветот. Потоа, одвојте време да се измиете, средете и подгответе го утринското кафе. Заборавете на телефонот и е-поштата, барем додека не пиете кафе.

Разбуди се!

Сега е време да се разбудите. Движете го вашето тело. Ако не ви се допаѓа утринскиот тренинг, доволно е да направите вежби што ќе ги придвижат мускулите. Тие можат да траат до 5 минути и тоа ќе биде доволно за вашето тело да добие сигнал дека е будно. Потоа можете да одите под туш, да се шминкате, да ја исправите косата.

Сега можеме да размислуваме за обврските. Ако имате многу обврски, направете список на кој ќе запишете што треба да правите во текот на денот. Од сите работи што се наоѓаат на списокот, прво направете ја онаа што најмалку ви одговара. Работете според распоред - од најнепријатна обврска до онаа во која уживате. На тој начин ќе го поминете потешкиот дел од денот, а останатото време ќе биде слободно и растеретено.

Ова е само еден ден со идеален почеток и крај. Запомнете, секој ден може да биде ваков, ако прифатите нови навики.

извор:stil.kurir.rs