УЖИВА ВО ПАТУВАЊАТА СО СОПРУГОТ И СНИМА НОВ МАТЕРИЈАЛ: Анета Наковска најави премиера на „Егејки мајки“

Добивај вести на Viber

Пејачката со нејзиниот партнер, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога не се во Скопје, најчесто уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти

Инспирирана од подзаборавените изворни песни кои потекнуваат од Егејскиот дел на Македонија, Анета Наковска наскоро ќе го претстави новиот проект во соработка со „ИН продукција“. Станува збор за темата „Егејки мајки“ која премиерно ќе може да се слушне на австралискиот сателитски канал „ИН ТВ“, а подоцна ќе биде достапна и на нејзиниот официјален канал на „Јутјуб“. Познатата фолкерка најави дека во полн ек се и подготовките за уште една композиција, љубовната балада „Само оваа ноќ“ за која верува дека ќе биде хит и која во април ќе ја промовира со видеозапис.


Наковска со нејзиниот сопруг, бизнисменот Спиро Крлевски, веќе неколку години живее на релација Македонија-САД. Кога не се во Скопје, најчесто уживаат во семејниот дом во охридско Велгошти. Во една прилика откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.

- Мојот маж заедно со Љупчо Димоски се потпишува како сценарист и режисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации. Му ветив дека отсега ќе биде задолжен за визуализирање на сите мои наредни проекти–откри пејачката.

Во истото интервју изјави дека конечно го нашла човекот со кого посакува да се реализира како мајка.

- Таа зрелост и кај мене пристигна, да бидам искрена, малку подоцна, но веројатно сум го чекала вистинскиот партнер, мажот со кого посакувам да остарам–раскажа Наковска.

Ѓ.С.