Вака денес изгледа жената која Сулејман ја остави бремена поради Шехерезад: Ѝ го уништи животот, таа од одмазда абортираше
Бергузар Корел и Халит Ергенч се запознале на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, а хемијата била толку силна што набрзо и двајцата ги раскинале тогашните врск - таа го оставила своето момче, а тој ја оставил бремената сопруга, која во очај решила да абортира. Каде е денес поранешната сопруга на Халит Ергенч?
Поранешната сопруга на Халит Ергенч е турската актерка Гизем Сојсалди, која беше 14 години помлада од него. Во текот на бракоразводната постапка, популарниот Сулејман и понудил паричен надомест од 250.000 лири за што поскоро да се разделат.
„Јадев риба на плажата во Фоча со другарка. Халит таму го снимаше филмот „Прва љубов“, беше со екипата од сетот. Келнерот ни пријде и ни рече: „Девојки, Халит Ергенч и Халит Аби се тука и сакаат да ве запознаат. Тие инсистираат на тоа, не можев да им кажам не. Испадна дека Халитисто така рекол дека јас и пријателката сакаме да го запознаеме“, ја опиша Гизем во една прилика првата средба со Ергенч.
„Халит дојде и седна на нашата маса. Се разбира, бев малку нервозна. Си помислив: „Како се осмелува!" Но, тој беше толку пријатен и сладок. Поминавме три часа заедно и се заљубивме“.
Гизем во интервју за турските медиуми откри дека и било чудно што Халит инсистирал да се ожени бидејќи отсекогаш се плашел од брак поради својот татко. Имено, тој се женел пет пати, а со сопругите имал шест деца.
Набрзо се испостави дека сомнежите се оправдани - на љубовната идила на Гизем Сојсалди и Халит Ергенч и дојде крајот кога актерот се заљуби во нејзината колешката Бергузар Корел.
Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs