Вака изгледаше Макрон на 17 години кога започна врска со Брижит и вети дека ќе се ожени со неа: Фотографиите на првата дама на Франција од тој период ќе ги гледате уште долго
Емануел и Брижит Макрон се запознале кога тој имал 15, а таа 22 години повеќе од него. Таа му била учителка, потоа почнале да излегуваат и на крајот се венчаа. На Инстаграм се појави видео со фотографии од познатиот пар од претходните години, периодот кога ја започнаа својата романса.
Брижит Макрон зад себе има еден брак, од кој има три деца. Таа предаваше француски и латински и драма. И таа е родена во Амиен, исто како и Макрон, и пораснала во добро ситуирано семејство кое успешно се занимавало со производство на тестенини и чоколадо.
Емануел Макрон ја заинтригирал додека глумел во претстава, а потоа таа му помогнала да изработи текст. Тоа било на почетокот на деведесеттите. Поранешните ученици на језуитското училиште „Ла Провиденс“ во северниот француски град Амиен сè уште се сеќаваат на наставничката по француска литература и латински.
Како студент, Макрон повеќе се дружел со професорите отколку со своите врсници, па уште повеќе се зближил со Брижит. Неговите родители реагирале многу бурно на нивната романса и ѝ порачале на идната прва дама на Франција да се држи настрана од нивниот син.
„Не можам ништо да ви ветам“, одговорила таа, па го испратиле Макрон во Париз. Пред заминувањето ѝ ветил на Брижит дека ќе се врати и ќе се ожени со неа. Тие ја продолжиле врската на далечина. Таа се разведе во 2006 година, а следната година се омажи за Емануел.
„Кога ќе одлучам за нешто, го правам тоа“, изјави таа еднаш.
Неговото семејство продолжило да негодува, а тој изградил добар однос со нејзиното семејство, па ја побарал раката на Брижит Макрон од нејзините деца. Тој е многу близок и со нејзините седум внуци кои го нарекуваат дедо.
Врската на Брижит и Емануел Макрон беше топ тема за време на неговата изборна кампања. Детали за нивната врска беа објавени во 2016 година во книгата на Маел Брен „Брижит Макрон ослободена“ - односно таму беше објавена другата страна на приказната.
Извор: zena.blic.rs