Вака изгледаше Славица Ќуктераш на својата венчавка на Малдиви: Години подоцна ја откри тајната (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сето тоа се случи пред осум години

Славица Ќуктераш никогаш не криела дека остана во добри односи со поранешниот сопруг Влада Аврамов, а неодамна призна дека всушност последен пат била вљубена во него.

Дека нивната љубов била голема и по малку турбулентна покажува и тоа што двајцата се венчале на Малдиви, на интимна церемонија.

Славица Ќуктераш е позната како многу затворена кога се во прашање бракот и детето, но во една прилика во емисијата на Огњен Амиџиќ покажа фотографии од венчавката која всушност и не била вистинска.

- Ова беше во 2015-та година кога јас и мојот сопруг бевме на одмор на Малдиви. Нашите кумови беа Руси. Таа свадба не е вистинска. Тоа никаде не важи. А вистинската свадба беше во 2016-та  година, а кумите ни беа Срби - објасни тогаш Славица.

Фото: Tv Pink Printscreen

Влада Аврамов носеше бел, ленен костум со ланче околу вратот, додека Славица носеше краток лелеав фустан во иста боја, имаше и ланче околу вратот и венец од цвеќе на главата.

Фото: Tv Pink Printscreen

Славица, да потсетиме, по венчавката со Влада направи пауза од работа за да се посвети на семејството.

- Беше добро. Тогаш бев последен пат заљубена, а кога човек е заљубен, му е убаво. Тоа беше една убава етапа од мојот живот, која траеше шест години, а круната е Викторија, која сега има шест и пол години. Го оставивме тоа зад себе, излеговме од тие партнерски чевли, ќе зачекориме во нови, дај Боже, но тука сме да бидеме како коректни родители – објасни таа и додаде:

- Никогаш не сум кажала лош збор (за него), а немам причина затоа што тој е феноменален татко. Можеби не е феноменален сопруг или јас сопруга... – изјави пејачката во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.

Извор:24sedam.rs