Вака мажите реагираат на менстралната болка: Не поднесуваат ни секунда од она што жената го трпи (ВИДЕО)

На платформата ТикТок се појави нов тренд, во кој жените ги поттикнуваат своите посилни половини да го почувствуваат она што жената го чувствува за време на менструалните грчеви.

Тие се обиделе со помош на таканаречениот симулатор за менструална болка.

Видеата кои ги доловуваат овие моменти веднаш станаа вирални.

Грчевите кои многу жени ги трпат за време на менструалниот циклус за многумина се буквално составен дел од секој месец. Тие се придружени со болка во долниот дел на стомакот или долниот дел на грбот, мигрена или, во некои случаи, несвестица.

Многу жени, кои со текот на годините се навикнале на симптомите, можат да коегзистираат со нив со помош на разни лекови, топли перници или други, добро докажани рецепти кои помагаат во ублажување на болката барем неколку минути.

А комбинацијата на овие симптоми и болка е незамислива за многу мажи. Колку пати сте сретнале мажи околу вас кои мислат дека не може да биде толку болно, дека според нив само да се преправате?


И токму во тој контекст станаа вирални видеата во кои жените ги поттикнуваат мажите да пробаат таканаречен стимулатор за менструална болка. Затоа што благодарение на овој симулатор, мажите конечно можат да ја доживеат истата болка и непријатност што ја доживуваат жените во текот на нивните денови.

Во видеото можете да видите како мажите и жените се справуваат со секое ниво на менструална болка. Со зголемувањето на нивото на болка, на мажите им е буквално апсолутно неподносливо. Некои од нив дури паднаа на колена и молеа да престанат болките. Меѓутоа, за разлика од нив, кога жените го испробуваат симулаторот, тие дури и не чувствуваат ништо.


Трендот започна и на социјалните мрежи. Како што можете да видите, некои мажи конечно, барем накратко, го доживеаа она низ што многу жени поминуваат со децении секој месец.


Фото и Видео: ТикТок и Твитер