Здравје // Совети
ВАКЦИНАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП НЕ ШТИТИ ОД КОВИД, АМА Е МНОГУ ЗНАЧАЈНА - од денеска започнува пријавувањето
Министерството за здравство и оваа година набави 40.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип за следните ризични групи, јавуваат од Министерството.
Ќе бидат вакцинирани стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од шест месеци до пет години.
Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна.