Вакцинираните ќе имаат посебни привилегии: Пристап до јавниот превоз, рестораните, културните институции...
Во Франција ќе се носи нов закон со кој граѓаните кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 ќе имаат привилегии во однос на останатите. Имено, во Собранието, веќе од понеделникот е доставен овој закон, кој француските власти го нарекоа „Зелен вакцина пасош“, а со кој на граѓаните кој ќе ја примат вакцината ќе им биде овозможено да влегуваат слободно во рестораните, културните институции, да го користат јавниот превоз и да се движат слободно и на други јавни места.
Како што пренесува агенцијата Анадолија, францускиот премиер, Жан Кастекс, го доставил законот со кој се предвидува токму премиерот да има право да одобри движење на лицата врз основа на тест со кој се утврдува дека лицето не е заразено или по превентивен третман кој вклучува вакцинација против коронавирус.
Дебатата за тој закон започна минатата недела, кога членовите на либералните и центристичките партии предложија воведување на таканаречен „зелен пасош“ за луѓето кои се вакцинирани, со образложение дека вакцинираните имаат право да живеат нормално.
Повеќе информации прочитајте на Фактор.мк