Вакви беа во 2019 година: Која од нив направи целосна трансформација?
Фотографијата е направена на концертот на Валатко Лозаноски во 2019 година кога во салата Борис Трајковски направи своевиден спектакл. Нашите најпознати естрадни личности му дадоа своја поддршка и се забавуваа на хитовите од пејачот, а Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Елена Ристеска и Весна Петрушевска заедно се дружеа и уживаа. И навистина е убаво кога ќе видите на една фотографија лица кои оставиле белег на професионален план, секоја во својот домен. Иако од тогаш има поминато скоро 4 години ( тоа и не е така долг период) дамите од фотографијата скоро и да не се променија во изгледот и останаа скоро исти. Без дополнителна килажа и други работи кои си ги носи времето.
Но една од нив намали на кулажата драстично, се стегна, ги зголеми усните, почна неуморно да вежба, да се облекува фантастично, да балансира успешно помеѓу домот и работата и да вади постојано хитови.
Да, Тамара Тодевска денес изгледа подобро од кога и да е. Дисциплината си го направи своето, а таа е своевиден пример за тоа како треба пејачките постојано да вложуваат во изгледот, бидејќи и тој продава, а тие се јавни личности, секогаш под будното око на јавноста. Големо браво за Тодевска што одолеа на трендовите за зголемување на задници, гради, кршење ребра и секакви „чуда“ на денешницата.
Еве како изгледаше во 2019 година и како изгледа сега:
Р.Ж.МФото: Инстаграм