Ванчо ни беше како Ален Делон во друштво: Гоце Тодоровски се присети на колегата

Актерот Гоце Тодоровски емотивно се присети на својот пријател Ванчо Петрушевски, кој почина на 25 август минатата година од струен удар во својата викендичка со скопско Орешани.

„Ванчо Петрушевски ни беше како Ален Делон во друштво. Девојките многу го сакаа. Ние останатите се влечевме по него, па така и ние по некоја девојка ќе фатевме“, изјави Тодоровски.

Гоце вели дека со Ванчо поминал 54 години. „Повеќе бев со него отколку со себе“, кажа Тодоровски на комеморацијата во Драмски театар минатата година, реченица која ги трогна присутните. Легендарниот актер кој за улогата на Цанде во претставата „Солунски патрдии“  доби награда за фестивалот за театарски игри „Војдан Чернодрински“ , вели дека со Петрушевски бил другар од шесто одделение. Уште од тогаш, правеле детски претстави во училиште, на родителските средби.

„Јас бев одлилен ученик, Ванчо послаб. Но, секогаш се вадеше на неговиот шарм и на снаодливост па и тој добиваше добри оценки“.

Тодоровски додаде дека поради Петрушевски и тој станал актер. „Ванчо ме натера да се запишам на Факултетот за драмски уметности, да не беше тој, ќе си бев градежен инжинер“, рече актерот.