Важни се луѓето: Нова корпоративна платформа на Халкбанк

Добивај вести на Viber

Како продолжение на видеосеријалот под наслов „Што е важно“, каде што во повеќе различни ситуации гледаме празни сцени во кои клучно недостасува, Халкбанк ја објави својата најнова корпоративна платформа „Важни се луѓето“, со која дава одговор дека токму луѓето се оние без кои секојдневието едноставно не е можно.

Преку оваа емотивна кампања, Халкбанк всушност оддава признание дека секој еден е еднакво важен, истовремено детерминирајќи ја својата позиција во насока со значењето на името на банката ‒ „Банка на луѓето“. Врз основа на оваа позиција, банката на луѓето гради и негува уникатна, нераскинлива врска со сите корисници.

Од банката велат дека оваа корпоративна платформа е одговор токму на барањата на клиентите, кои од банката бараат стабилен партнер кому ќе му веруваат, каде што ќе се чувствуваат вреднувано и безбедно, каде што ќе бидат вреднувани нивните средства, но и нивното време, и истовремено ќе имаат личен, пријателски однос, без оглед на услугата што ја користат.

„Халкбанк забележува огромен пораст во сите сегменти од своето работење, со исклучително високо ниво на задоволство кај нашите лојални клиенти, истовремено континуирано, привлекувајќи и нови корисници, со што полека но сигурно станавме четврта банка по големина на пазарот. Анализите што ги направивме покажаа дека таа база на лојални корисници Халкбанк најмногу ја препознаваат по својата советодавна улога и по пријателскиот однос што го негуваме, па оттука комуникацијата ’Важни се луѓето‘ дојде сосема природно. Ваквата изјава само ја потврдува нашата долгорочна заложба да бидеме онаа банка што ги гради и ги негува тие долгорочни односи со своите корисници“, изјави Маја Наумовска од Дирекција за односи со јавноста во Халкбанк.

Од Халкбанк најавија дека како лица на тековната кампања ќе сретнеме луѓе од нашето секојдневие, како основачи на локални бизниси, сопственици на старт ап бизниси, наши соседи, колеги или пријатели што истовремено се и комитенти на банката и преку кои Халкбанк всушност ја пренесува пораката дека секој еден e важен во она што го работи.