ВЧЕРАВЕЧЕР ЗАВРШИ ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

Добивај вести на Viber

Со проекциите на филмовите „Студиото Ханса крај ѕидот“ и „Курт Кобејн: Монтажа на еден пекол“ во Кинотека на Македонија се заврши летното издание на Скопје Синема Сити.

Во изминатите денови на фестивалот беа прикажани 15 филмови и имаше 2 настапи на Квинтетот на Гоце Стевковски и Дијана Димитриевска. Исто така, со фестивалот се затвори и изложбата на џез фотографии на Татјана Ранташа „Џез-Тетика“.