Вечерва отворен музички спектакл на Камерен Орекстар Битола во Скопје Сити Мол!

Веќе неколку недели празничниот базар во Скопје Сити Мол ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и весела празнична атмосфера, а денес во Скопје се случува една нова приказна.

Skopje City Mall со задоволство го најави денешниот музички перформанс, а тоа е концертот на Камерен Oрекстар Битола. Концертот ќе се случи на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол со почеток од 20:00 часот .

До сега ги видовме Тамара Тодевска, Нокаут, Саут Парк, Pancho Shorty и многу други, а следат уште повеќе Дарио, Викторија Лоба, Гоце САФ, Aлександра јанева и 4 настапи на оркестри.

Од Скопје Сити Мол велат “Скопје мириса на цимет и варено вино... Дојдете во Skopje City Mall и почувствувајте ја вистинската празнична магија.  Желбите се остваруваат ако силно посакаш и ако не се плашиш да сонуваш. Дојдете на новогодишниот базар и заедно да посакаме посреќна нова, пред најубавата елка во Скопје.”

Секој ден различна музичка бајка. Волшебство во градот – Дојди, посакај, сонувај

Во продолжение музичката програма до 31.12 на Новогодишен базар во Skopje City Mall


ПР објава