Ведрана си замина од „Голден карпет“ поради финансии, Миро продолжува со нови водителки

По три сезони како водителка на шоуто „Голден карпет“, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ си заминува од шоуто кое се емитува на ТВ Канал 5. Мирослав Кацаров останува домаќин на емисијата, и вели дека секоја недела, со него ќе има различна водителка. 

Тоа ќе бидат познати и успешни жени од разни области: пејачки, водителки, манекенки, спортистки, ни најави Кацаров.

- Ведрана си замина своеволно, немавме никакви несогласувања или кавги, таа едноставно така реши и јас тоа го почитувам. Сепак, имало ситуации кога сме имале различни ставови, но тие несогласувања и ситни кавги вешто ги криевме од гледачите, јавноста никогаш не забележа. Не сме согласувале обично околу гостите, темите за разговор или игрите. Во недела, водителка ќе биде Ивана, новинарката која ги прави прилозите на „Голден карпет“, а следната недела, до мене ќе седне Светлана Црнокрак“, ни  најави Кацаров.

Тој вели дека се радува што во улога на водителки ќе ја видиме и Индира Кастратовиќ, и уште многу познати дами кои ќе се менуваат секоја недела.

Ведрана пак ни изјави дека слушнала муабети оти е скарана со Миро, но вели дека не се точни, и таа од срце му посакува успех понатаму.

- Слушнав некои чаршиски муабети, дека со Миро сме скарани, но тоа не е точно. Причината поради којашто си заминав е друга, финансиски не бев задоовлна од од проектот, затоа решив да си заминам. Со Миро останувам во пријателски односи, му посакувам успех со новите водителки и им порачувам на гледачите и понатаму да гледаат „Голен карпет“, ни рече познатата манекенка и водителка која има своја приватна фирма, а се занимава со маркетинг.

Кацаров додава дека и понатаму ветува одлична забава, смеење, ексклузивни приказни, интересни гости и несекојдневни содржини, во емисијата која продолжува да се емитува на  секоја недела од 19.30. 

М.Џаровска