„Веќе не ни е*ете како што треба“: Во екот на разводот на Драгана и Тони, Карлеуша брутална како никогаш до сега
Музичката ѕвезда преку социјалните мрежи го изрази своето разочарување од посилниот пол.
Јелена Карлеуша отворено зборува на сите теми, а сега во своето обраќање, во екот на разводот на Драгана Мирковиќ и Тониј Бијелиќ, преку социјалната мрежа Инстаграм напиша брутална порака.
Музичката ѕвезда упати низа шокантни обвинувања и навреди кон мажите, а нејзината изјава ја пренесуваме во целост:
- Не сум разговарала со жена во последно време и таа беше среќна. Проблем? Маж. Не сум слушнала за среќна врска. Проблем? Маж кој се однесува како кретен. Никогаш не сум слушнала нешто да преживее без жената да се бори како луда и да се жртвува за да го одржи. Кој **ац ви е на вас мажите? Знаете само да го гледате вашиот задник, да правите глупости, да пиете, да се однесувате како напалени мајмуни … да ги навредувате и омаловажувате жените, саможивници, умислени дека жените постојат за да се перат, пеглаат, готват, чистат, п**ат, да глумат психијатри, дадилки, масерки, гардеробер за вашите фрлени предмети и валкани чорапи! Па, јас прашувам: „Кој **р ви е бре?!“. Кога жената сака малку внимание, тогаш е напорна, кога се грижи за себе е **рва, кога не се средува тогаш секоја друга е подобра, ако ви го пипне телефонот е психо, ако плаче не знаете да разговарате туку како глупави орангутани испуштате некои звуци. Ако сака да и купите подарок тогаш е спонзоруша, а ако ви спомене нешто такво тогаш и велите дека треба да е среќна што воопшто има таков Аполон?! Повеќе не ни е**те како што треба, поточно се претворивте во некои лажни е**чи кои зборуваат бајки додека реалноста е поразителна. Жените се принудени да глумат покрај вас. За Оскар! Умислени дека за фраери како вас е само Жизел, жените за вас станаа мета за тресење и фрустрации. Станавте женомрзачи, полни со комплекси и некоја потреба да се натпреварувате со жените. Геј мажите на вашите жени им глумат и мажи, и момци, и пријатели и рамо за плачење и возачи … бидејќи вие стрејтерите потполно ја заборавивте вашата улога. А тоа сигурно не е кај жената да ги гледате целулитот или градите, туку личноста која е таа, и дали таа може да биде мајка на вашите деца. И тогаш се прашувате зашто се случува се?! Зашто од вас „способните“ остана само митот што е маж.