Венера од денес влегува во Бик: Пари, успех и мажот кој го посакувате за три хороскопски знаци

Таа е сензуална и нежна. Таа многу се грижи за својот физички изглед, но не е заинтересирана за туѓите мислења. За неа е важно да е задоволна. Не ги следи трендовите слепо, се држи до докажани комбинации. Дури и да прифати нешто ново од модата, тој стил или парче облека го прилагодува на себе.

Оваа Венера има потенцијал да го привлече она што го сака и посакува, а тоа се: пари, лицето што го сака, успех во кариерата. Таа има потреба од емоционална безбедност и силна емотивна врска.

Знаци што ќе ја почувствуваат најсилно Венера во Бик се:

Овен

Овој период ќе биде доста предизвикувачки за вас во однос на кариерата. Ќе имате разни понуди кои звучат интересно и претставуваат предизвик за вас. Но, бидејќи самиот период е малку поинтензивен и вие самите не сте сигурни по кој пат сакате да одите, најдобро е да бидете трпеливи и да не носите избрзани одлуки. Нека топката буквално се расплетува до мај, а потоа донесете одлука.

Овенот ќе биде опсипуван со понуди и ќе му се отвораат врати, но најдобро е да пуштите сѐ само од себе да се случи!

На полето на љубовта, на оние кои се во редовна врска им следи мирен период. Ќе биде нагласена комуникацијата и стекнување на материјалното. Слободните можат да очекуваат љубов, флертување преку работа или деловни соработници.

Шест хороскопски знаци ги очекува голема љубов оваа пролет: Дали сте и вие меѓу нив?


Следна страна