Верени се, живеат во луксузна вила и не планираат деца: Ова е момчето на победничката на Евровизија

Победничката на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, Швеѓанката Лорин, не сака да споделува детали за нејзиниот љубовен живот, но познато е дека веќе неколку години е свршена со уметникот и фотограф Чарли Љунг, пишува „Прес Италија 24 вести“.

Тој беше дел од нејзината делегација на Евровизија и меѓу првите и честиташе на победата, а беше уловен и од фотографите, иако нормално ги избегнува медиумите. Нивната врска стана позната во 2021 година, а Лорин претходно го сакаше победникот на шведскиот музички натпревар „Идол“ Даниел Линдстром, кој и посвети еден од своите албуми.

По нивното раскинување во 2017 година, Лорин јавно откри дека е бисексуалка. Двојката живее во Стокхолм, но често престојува на островот Готланд, на имот вреден 4 милиони круни што наводно го наследиле од неговиот татко. Семејството на Љунг поседува имоти на островот во вредност од околу 8,3 милиони круни, кои вклучуваат хотел, ресторан и пристаниште.

Во 2021 година, родителите на Чарли, наводно, го препуштиле семејниот бизнис на нивниот син и неговата свршеница, кои на островот најдоа бегство од секојдневниот живот и таму најмногу уживаа во земјоделската работа. Лорин и Чарли планираат заедничка иднина без деца.

- Не е задолжително да се биде родител, а има многу луѓе кои од различни причини не можат да имаат деца. На некои луѓе им е судено да бидат мајки и татковци и мислат дека тоа е најзабавното нешто на светот. Но, мислам дека има и други работи - изјави пејачката во една прилика.

Лорин е единствената двократна победничка на Евровизија, која за прв пат победи на натпреварот во 2012 година со песната „Еуфорија“.


Foto: Printscreen RTS