„Веројатно како мајка јас прва би дознала“: Цеца проговори за озборувањата дека Анастасија Ражнатовиќ е повторно бремена

Добивај вести на Viber


Цеца неодамна ги коментираше муабетите дека Анастасија е повторно бремена.

Светлана Цеца Ражнатовиќ, пејачка и член на жирито на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, ги коментираше некои наводи на мрежите за наводна бременост на нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ.

„Тоа се озборувања! Претпоставувам дека како мајка прва би дознала дека е бремена“, рекла Цеца, а потоа проговори и за својот син Вељко Ражнатовиќ и неговата љубов кон животните, бидејќи има неколку кучиња.

„Неговиот татко многу ги сакаше животните и мислам дека таа љубов ја наследи повеќе од него, особено кон кучињата“ ојави Цеца.

Инаку, Анастасија и Немања Гудељ прославија две години брак, а младата пејачка се пофали со изненадувањето кое и го приреди сопругот.

Фото:freepik