Вештите раце од ништо прават нешто и носат празнична магија во домовите

Добивај вести на Viber

Празниците се мотив плус, жените со вешти раце да изработат уникатни ракотворби. Таков е случајот и со Наташа Серафиновска од Куманово која плете новодишни украси. Почнала пред две години и до ден денес се труди да биде подобра и покреативна. Ракотворби најчесто прави во чест на Нова година, Божиќ и Велигден. Вели дека идеи за тоа што ќе работи добива од различни интернет страници. Создава украси во различни бои, прималиви за децата, но и возрасните не можат да им одолеат.

„Пред две години плетев повеќе така зашто останав без работа и заработував од плетење украси. Љубовта кон децата и љубовта кон рачните изработки е тоа што ме поведе. Изработував и Велигденски украси. Имам плетено Дедо Мразовци, ирваси, капчиња и шалчиња за шишиња за украсување, како и држачи за нож и виљушка со изглед на Снешко. Сум плетела и за продавање и за подарување“, вели таа. 

Додава дека побарувачка има за вакви украси, но како што објаснува не е сè во парите и на овој начин се релаксира и си го исполнува времето.  Изработила многу украси, но колку време ќе потроши за еден од нив зависи од големината. 

„Може да се заработи, има побарувачка и кога бев без работа правев повеќе рачни изработки, но тоа ме исполнува и релаксира кога работам. Има многу придобивки од изработките, не е сè во парите. Психички се опуштам, тоа ми е еден вид медитација. Додека ги правам изработките, имам позитивно чувство. Еднаш изработив бовча со свет мотив, со Јосиф и Марија како го држат Исус во рацете и ја подарив во црквата Света Богородица во Тетово и во иднина сакам да направам повеќе такви. Таа љубов што ја имам кон рачните изработки сакам да ја пренесам на младите генерации и затоа сакам да отворам работнилница во едно кумановско село. Сакам да ги подучувам младите како се изработуваат плетени изработки. Плетењето е уметност и наша традиција, духовно богатство кое треба да се пренесува од колено на колено“, додава Серафимовска. Целото интервју со Серафимовска прочитајте го ан Фактор.мк