Вест на денот: Денес 11 новозаразени од ковид-19, само 3 случаи во Скопје
Ова е после долг период најмалиот број на заразени, од почетокот на пандемијата.
Вчера за прв пат после долго време беа регистрирани вкупно 39 новозаразени со Ковид-19, од нив само 7 позитивни во Скопје.
Денес регистрирани се само 11 случаи во цела Македонија, од нив три во Скопје.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1, Неготино-1.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341, бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.