ВЕТЕРИНАРИТЕ СМИРУВААТ: Домашните миленици не го пренесуваат коронавирусот на луѓето

Мачките и кучињата, најчестите милиници на луѓето не може да го пренесат новиот коронавирус, односно Ковид-19 на луѓето, но може да бидат позитивни на тестот, бидејќи може да се заразат од својот сопственик, велат ветеринарите. Во време кога од ден на ден се повеќе се зголемува загриженоста кај оние што имаат миленик во својот дом, но и откако во Белгија се појави првиот случај на мачка која е позитивна токму на Ковид-19, ветеринарите во земјава даваат детални информации зошто луѓето не би требало да живеат во страв доколку имаат миленик.

- Семејството на коронавирусите се едни од најподложните на мутации, така што други типови на коронавирусот генерално ги има и кај кучињата, и кај говедата, свињите и така натаму. Кај кучињата заразени со коронавирус, проблемите се јавуваат во гастроинтестиналниот тракт, односно имаат стомачни проблеми, додека кај свињите, пак, чии органи се најблиску до органите на човекот, коронавирусот ги напаѓа белите дробови. Сепак, инфицираните животни со други типови на коронавирус многу успешно се лекуваат, со симптоматска терапија, инфузиона терапија, терапија за зајакнување на имунитетот, вели ветеринарот Димче Велковски, сопственика на Ветеринарен центар.

Но, што се однесува до новиот коронавирус, Ковид-19, Велковски вели дека тој е се уште предмет на истражување и многу нешта поврзани со него се непознатица за науката.

-Иако многу нешта се уште се анализираат, тоа што треба јавноста да го знае е дека Ковид-19, животните не може да го пренесат на луѓето, но сепак на тестот за коронавирус, односно Ковид-19, домашните миленици може да бита позитивни. Истото го наведува и Светската здравствена организација, како и Светската асоцијација на ветеринари, кои дополнително појаснуваат дека веќе познатите коронавируси кај мачките и кучињата едно задничко нешто што го имаат со Ковид-19 е дека припаѓаат на истото семејство вируси, вели Веловски.

Целиот текст за домашните миленичиња и коронавирусот прочитајте го на Фактор.мк