Ви го претставуваме Knox Matrix: 10 години на Samsung Knox Security и визијата на Samsung за посигурна иднина
Дознајте како платформата Samsung Knox напредуваше за да заштити милијарди корисници ширум светот и како компанијата сега влегува во нова ера во безбедноста на уредите
Безбедносната платформа Samsung Knox го слави својот десетти роденден! Именувана по едно од најдобро обезбедените места во светот, првпат беше претставена на Светскиот конгрес за мобилни телефони (MWC) во 2013 година. Тоа е една деценија на водечка мобилна заштита за корисниците ширум светот, за време на која платформата Samsung Knox стана холистичка безбедносна платформа и синоним за заштита на милијарди потрошувачи и бизниси. Сега, Samsung е посветен на следното ниво на безбедност на уредот со платформата Knox Matrix.
Подобра безбедност во сè поповрзан свет
Knox Matrix ја претставува визијата на Samsung за иднината каде што уредите поврзани во екосистемот ќе можат да се заштитат едни со други, како и нивните корисници. Тоа е сеопфатен пристап кон безбедноста кој ќе станува сè поважен, како што се повеќе уреди и аспекти од нашите животи се поврзуваат. Многу корисници ширум светот веќе поседуваат различни поврзани уреди, од мобилни уреди и телевизори до фрижидери и роботски правосмукалки. Присуството на над 14 милијарди поврзани уреди на пазарот ја покажува пространоста на овој пејзаж, кој не покажува знаци на стеснување. Samsung е свесен дека и покрај придобивките, зголеменото поврзување има потенцијал да доведе до зголемена злоупотреба. Традиционалната безбедносна инфраструктура која штити поединечни уреди нема да може да се справи со тоа, бидејќи еден компромитиран уред може да влијае на други во истиот екосистем. Knox Matrix ќе одговори на овој предизвик преку револуционерен концепт кој го отвора патот за безбедност на повеќе уреди, вклучувајќи мобилни телефони, телевизори, домашни апарати и уште многу други. Уредите на Samsung кои имаат Knox Matrix работат заедно за да се заштитат едни со други во доверлива мрежа. Ако еден елемент е компромитиран, Knox Matrix ќе го изолира од екосистемот за да ги заштити другите. Поддршката за повеќе уреди на платформата Knox Matrix може ефективно да го претвори паметниот дом во паметен штит - колку повеќе поврзани уреди има корисникот, толку е подобра нивната севкупна безбедност.
Во моментов, постојат три клучни функционалности на платформата Knox Matrix кои го обезбедуваат нејзиниот успех. Trust Chain им овозможува на уредите меѓусебно да следат потенцијални закани. Credential Sync ги обезбедува корисничките информации при пренос на податоци помеѓу уреди, додека Cross Platform SDK им овозможува на уредите со различни оперативни системи и платформи (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на Android, Tizen и Windows) да се приклучат на Knox Matrix со конзистентни безбедносни стандарди. На тој начин, уредите можат да бидат безбедни, дури и во хипер-поврзан свет.
Knox Matrix управува со сето ова во рамките на приватен блокчејн, дозволувајќи им на компатибилните уреди да се проверуваат едни со други за потенцијални прекршоци и да обезбедат сигурност преку интелигентно следење на заканите. Со овие чекори и дополнителни функционалности што треба да се воведат, корисниците ќе можат безбедно и удобно да уживаат во повеќе поврзани уреди.
Патот до следното ниво: Посилни заедно
Поставувањето на темелите за следната ера на безбедноста на уредите бара внимателно разгледување. Развојот на платформата Knox Matrix напредува добро, но има предизвици на патот кон следното ниво, како што се усогласување на различни видови производи, со различни оперативни системи и безбедносни стандарди во систем без конфликт кој функционира како целина.
Како што уредите стануваат се поповрзани, Samsung исто така мора да се погрижи тие да не се премногу комплицирани за користење. Со платформата Knox Matrix, работиме на корисниците да им понудиме транспарентност и избор, заедно со заштита. Корисниците треба да бидат сигурни дека можат да донесат одлуки базирани на информации за нивните уреди, со цел да бидат заштитени без мака. Очекуваме дека Knox Matrix ќе ги предупредува корисниците за потенцијално небезбедни ситуации, како што е користење на застаренfirmware, нудејќи предлози за следните чекори.
Моќта на платформата Knox Matrix да ги заштитува поврзаните екосистеми ќе се демонстрира во фази, почнувајќи од производите на Samsung Galaxy како паметните телефони и таблетите. Моделите со Knox Matrix ќе бидат достапни од 2024 година, почнувајќи од трите основни функционалности споменати претходно, а нови се очекуваат преку ажурирања. Во следните две до три години ќе бидат вклучени и апаратите за домаќинство на Samsung, а потоа и партнерските уреди. Развојот на компатибилност на партнерските уреди е веќе во тек.
Веродостојни податоци за безбедни иновации во минатото
Samsung веќе има долга историја на овозможување на беспрекорна работа за разни типови на уреди заедно преку платформата SmartThings. Во согласност со филозофијата за отворена соработка на компанијара, Samsung исто така, тесно соработува со најдоверливите партнерски компании и пошироката заедница за да ги дефинира и прошири безбедносните стандарди, подобро да ги идентификува недостатоците уште пред тие да станат проблематични. Повеќе очи, повеќе глави, подразбираат подобри решенија. Ова наследство е клучна основа за сите уреди Samsung Galaxy, заедно со сеопфатната (end-to-end) заштита и откривање закани во реално време, вградени во секој слој на производот.
Knox Matrix е само најновиот степен на развој во иновативната историја на безбедносната платформа Samsung Knox. Samsung неодамна го претстави Knox Vault, клучно безбедносно решение кое ги изолира најчувствителните податоци на корисниците, за да се погрижи да не паднат во погрешни раце.
Претходните подобрувања вклучуваа TrustZone, која обезбедуваше сигурна средина во главниот оперативен систем за активирање на чувствителни апликации и процеси, независно од редовниот софтвер. На овој начин, работата и забавата можеа безбедно да коегзистираат на истиот уред.
Samsung Knox исто така еволуираше во Knox Suite¹ за да им помогне на деловните корисници и клучните институции ширум светот ефективно да ги обезбедат, распоредат и управуваат со своите групи на уреди со прилагодлив и едноставен софтвер за управување и сеопфатна безбедност.
Не е ни чудо што аналитичарите во рамки на индустријата даваат високи оценки за платформата Samsung Knox, а многу владини агенции во изминатата деценија доделија сертификати за платформата Samsung Knox. Затоа Samsung може со гордост да каже дека Knox е една од најдоверливите безбедносни платформи во светот благодарение на степенот на одбранбена безбедност.
Врз основа на овој импресивен рекорд, убедени сме дека Samsung Knox е најдобро позициониран да ја дефинира следната ера на безбедноста на уредите. Поврзаната технологија ќе ни помогне да создадеме подобри животи и искуства - а поголемата поврзаност не мора да значи поголем ризик. Со платформата Samsung Knox, Samsung ги поставува темелите за посигурна иднина и посилна заедница.
¹Потребен е посебен клуч за линценца (кој засебно се купува).
*пр-објава