Victoria’s Secret го претставува новиот парфем – LOVE

Добивај вести на Viber

Кој бренд прво ви паѓа на ум кога ги споменеме познатите Анѓели, заводливост и сензуалност? Секако, Victoria’s Secret. Овој бренд е олицетворение на привлечност и заводливост, што со задоволство ни ги покажува во својот новитет. Овој пат, нивниот нов парфем има за цел да ги разбуди сите наши емоции и се вика едноставно-Love. Овој свеж мирис е инспириран од љубовните приказни на Victoria’s Secret Анѓелите и ги претставува со нови од свежа смрека и кајсии. Моделите Елса Хоск, Јасмин Тукс, Џосефин Скрајвер и Роми Стријд се појавуваат во прекрасни црно бели фотографии кои го промовираат новиот парфем. Фотографот кој е задолжен за транспозиција на единствената емоција е Расел Џејмис. Дали во тоа успеал, одлучете сами ...