ВИДЕО: 14-годишниот пливач со 5 национални рекорди Димитар Бошнаков за својата мотивирачка приказна

Добивај вести на Viber

Младиот Димитар кој плива од својата трета година ни ја раскажа својата
инспиративна приказна која изобилува со успеси во пливањето.

Димитар кој е носител на 5 национални рекорди говори за својата посветеност
кон пливањето и жртвите кои секојдневно ги прави за да ги постигне своите
цели.

За тоа како е да се работи со Димитар разговараме и со неговиот тренер,
додека неговата мајка одвои време да ни раскаже каква е улогата и поддршката
на семејството кога станува збор за млад ентузијаст и професионален
спортист.

Талентираниот Димитар е поддржан во кампањата за општествена одговорност
„Вложуваме во млади таленти“ која ја имплементира Асоцијацијата на спортски
обложувалници на Македонија.