(ВИДЕО) Afterglow: Нова песна, празничен подарок за обожавателите од Ед Ширан

Пејачот, текстописец, и наградуван композитор, Ед Ширан подолго време работи на својот нов албум.

Познатиот пејач, вчера ја објави својата нова песна „Afterglow“... А албумот кој е во подготовка, според некои странски емдиуми е планирано да биде издаден во текот ан следната година.

„Песната „Afterglow“ ја напишав минатата година и ја посветувам на вас. Тоа не е прв сингл од идниот албум, туку е само песна која ја сакам, а се надевам дека и на вас ќе ви стане драга. Уживајте! Ви посакувам безбеден и среќен одмор за време на празниците. Среќна Нова Година!“ - порача Ед.


Инаку, пред четири месеци, Ед Ширан стана татко на девојче, кое го доби името Лира Антарктик Сиборн Ширан.



Фото и Видео: Youtube