Ед Ширан стана татко: Го откри полот и името на бебето

Пејачот Ед Ширан се огласи на Инстаграм, споделувајќи слика на чорапчиња и шарено ќебе, откривајќи дека со сопругата Чери станале родители минатата недела.

Чери на свет ја донесе малата ќеркичка, Лира Антарктик Сиборн Ширан.

Ед напиша: 'Здраво! Брза порака од мене - имам неколку лични вести што сакав да ги споделам со вас...

„Минатата недела, со помош на неверојатен тим за породување, Чери ја роди нашата прекрасна и здрава ќерка - Лира Антарктик Сиборн Ширан.

Ние сме целосно заљубени во неа. И мама и бебето се добро,а ние сме на девети облак.

Се надеваме дека можете да ја почитувате нашата приватност во овој момент. Многу љубов и ќе се видиме кога ќе дојде време да се вратам, Ед“ - напиша пејачот

29-годишниот Ед на крајот на минатата година објави дека ќе прави подолга пауза од својата кариера за да се фокусира на патувања и личниот живот.

Тој и Чери (28) се заедно веќе пет години, тие ја чуваа бременоста во тајност за време на карантинот.
Инаку Ед минатото лето потврди дека се верил со Чери, на приватна церемонија во јануари 2019 година.

извор:dailymail.co.uk