Вирално видео: Акушерка покажува како правилно да ја избричите интимната зона
Хедер Хелтон, акушерка со 19 години медицинско искуство, сподели видео на „ТикТок“ кое брзо стана вирален хит затоа што се занимава со тема што дефинитивно не ја среќаваме често - бричење на интимната зона.
Така, Хедер реши да направи видео во кое објаснува кој е најдобриот и најбезбедниот начин да ја депилирате вагината со брич. За „BuzzFeed“, таа откри дека ѝ паднало ова на ум откако често се среќавала со пациентки кои доаѓаат на гинеколошки преглед со воспаление предизвикано од последиците од бричењето, за што потоа се грижат како за нешто посериозно отколку што навистина е.
„Ако никогаш не сте се избричиле, исечете ги влакненцата со ножички. Ова може да се направи со обични домашни ножици. Потоа влезете под топол туш - помага да се омекнат срамните влакна, бидејќи имаат тенденција да се поцврсти од другите влакна на телото. Измијте ја областа со обичен сапун што не содржи парфем или боја. Тоа помага да се отстранат нечистотиите или бактериите на кожата ", објасни Хедер.
Следниот чекор е пилинг.
„Ќе ви помогне да се отстранат мртвите клетки на кожата и ќе ви помогне подобро да се избричите. Најдобро е едноставен, основен пилинг, но зависи само од тоа што најдобро одговара за кожата секоја личност", додаде таа.
Следна е пената за бричење.
„Започнете да се бричите со кратки потези во насока на раст на влакната, плакнете го бричот постојано, затоа што сечилото запушено со влакненца нема да отстрани толку многу влакна. Машките жилети се најдобри и проверете дали бричот е остар, и гледајте да не повторувате на исти места бидејќи тоа може да предизвика иритација- објасни и додаде дека подрачјето после бричење може да се третира со средство за смирување, што има помалку алкохол или воопшто нема алкохол.
Таа додаде дека нема медицинска причина зошто треба да се бричи интимната зона, но дека е свесна дека многу жени го прават тоа од културни причини.
„Многу жени избираат да ги отстранат срамните влакна затоа што ги сметаат за нехигиенски. Искрено, нема медицинска причина за тоа. Реалноста е дека срамните влакна делуваат како бариера за вагината - во основа ги држат бактериите подалеку од вагината", објасни таа.
Видеото е прегледано над седум милиони пати досега и предизвика бројни реакции кај жени кои заклучиле дека многу им помогнало и дека дури сега сфатиле каде грешеле досега.