(ВИДЕО) Браво: Тамара Тодевска растури со песна од Каролина Гочева

Пејачките Тамара Тодевска и Каролина Гочева покрај што се колешки, се и многу добри пријателки.

Имено додека Каролина ужива на одмор на егзотична дестинација, Тамара деновите ги поминува во работна атмосфера.

Така на својот вчерашен настап каде пееше само македонска музика, реши да ја испее песната на Каролина. Станува збор за „За нас“ која Тамара ја испеа во свој претпознатлив стил и растури, а веруваме дека Каролина има само пофални зборови.