(ВИДЕО) Дамките на душа да ги избришам: Нова емотивна балада на Лозано

Добивај вести на Viber

Пред концертот кој ќе се одржи на 23 март во ВИП Арената, поп-пејачот Влатко Лозаноски- Лозано, објави нова песна.

„Мајко“ е емотивна етно-балада во чиј текст Лозано вели: „Да расцветам како некогаш, и секоја дамка на душа, да избришам. Кажи ми моја мајко, утеха дај ми само, излажи ме бар ти“. 

Интересна приказна има спотот, кој го режираше Даниел Јовески, а „мајката“ на пејачот ја глуми Јасмина Билаловиќ. Песната е дело на проверениот авторски тим на Лозано, Магдалена Ена и Лазар Цветкоски.

Погледнете го видеото кое веќе станува хит на социјалните мрежи: