(ВИДЕО) Доби аплауз од цела улица: Соседите со овации ја испратија медицинската сестра на работа

Mедицинска сестра која е на првите редови во борбата против коронавирусот прсна во солзи кога доби аплауз од целата нејзина улица додека тргнуваше на пат за работа. 

Здравствените работници низ целиот свет работат неуморно за да помогнат во борбата против пандемијата и со тоа конечно ја добиваат благодарноста што ја заслужуваат.

Една болничарка во Басингисток доби овација од аплаузи од нејзините соседи оваа недела додека тргнуваше на пат за работа.
Тејла Портер излезе од својата куќа во четвртокот, 26 март, кога беше поздравена од целата улица.

Комплетно обземена од сето тоа, болничарката остана со главата на рацете и прсна во солзи.


извор: Kennedy News and Media