(ВИДЕО) Емотивна и полна со љубов: „Небо и земја“

Добивај вести на Viber

Денеска од 11 часот, Македонија е домаќин на најголемиот Божикен настан во регионот, на кој се очекува учество на околу 10 илјади деца од целата земја, од кои, 5000 во Скопје и 5000 низ останатите 35 градови и населени места во Македонија, коишто се вклучени во манифестацијата.

За Божикниот концерт се задолжени: Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а за Божикната претстава „Најдобриот подарок за Божик" - Снежана Коневски - Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.

На денешниот свечен настан кој под мотото „ПРАЗНУВАМЕ, СЕ РАДУВАМЕ!“ има за цел, радоста и топлината на Бадник и Божик да ја почувствува секое детско срцe, му претходеше промоција на Божикната песна „Небо и земја“ отпеана од Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Некст Тајм, Љубојна и  Златно Славејче.