(ВИДЕО) Емотивна средба: Кучето Бончук го чека сопственикот цела недела пред вратите на болницата

Кучето по име Бончук чека пред болница во Турција скоро една недела, се додека нејзиниот сопственик не е пуштен на домашно лекување.

Бончук, што на турски јазик значи „бисер“, е женка и била наградена за нејзината верност со емотивна средба со сопственикот Кемал Сентурк (68), кога тој конечно излегол од болницата во градот Трабзон во североисточна Турција, пренесува Танјуг.

Сентурк беше префрлен во болница на 14 јануари поради мозочна емболија, а Бончук ја следела брзата помош до болницата.

Оттогаш, таа се враќала секој ден и чекала пред болницата, а вработените понекогаш ја хранеле.

ВИДЕО:


Ќерката на Сентурк неколку пати се обидела да го врати кученцето дома, но секој пат Бончук бегала за да се врати во болницата.

Кога Кентурк конечно излезе од болницата оваа недела, Бунчук истрча околу неговата инвалидска количка, скокна да ја помаза тој и замавна со опашката.

„Како човечко суштество е, прави да се чувствувам многу среќен“, рече Сентурк за Бончук.

извор:zenskikutak/BBC News
фотографии:AP/DHA

-Не сте дома: Дали вашето куче ќе ја одбрани вашата куќа?
-Никој не може да им одолее: Ова е најпопуларната раса на кучиња во светот!
-Научниците сигурни: Кучињата можат да помогнат во лекувањето на аутизмот кај децата