(ВИДЕО) ЕМОТИВНО: По 24 години си ја пронајдоа ќерката
На 8 јануари 1994 година Ванг Мингкинг и Лиу Денгинг додека продавале овошје на еден кинески пазар, со нив била и нивната тригодишна ќерка Кифенг.
Родителите раскажуваа дека пазарот бил полн и дека Ванг немал ситен кусур да му врати на муштеријата. Отишол до соседната тезга за да позајми пари, но кога се вратил неговата ќерка не била таму.
Тие се обидувале да ја довикаат, го обиколиле целиот пазар и ги прашувале луѓето дали некој ја видел. Никој не знаел каде отишла неговата ќерка. Тие со години го барале своето дете, но залудно.
Во 2015 година, Ванг станал такси возач и се сетил да стави налепници во автомобилот. Наместо слики од Кифенг, Ванг ставил слики од својата друга ќерка, која премногу личела на неа. Имал претчувство дека еден ден можеби ќе влезе во неговото такси.
Но, и тоа не помогнало, па еден професионалец нацртал полициски цртеж со ликот на Кифенг според проценката и претпоставката како би изгледала таа денес. Жената со има Канг Јинг беше изненадена кога го виде цртежот, бидејќи знаела дека нешто треба да се сподели со тоа семејство. Канг Јинг всушност беше нивната ќерка Кифенг.