(ВИДЕО) ГЕСТ НА ПРВАТА ДАМА НА ФРАНЦИЈА: Брижит отвори кафуле, но кого вработи?

Добивај вести на Viber

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон,  Брижит Макрон отвори прво кафуле во Париз, во кое гостите ги послужуваат исклучиво лица со Даунов синдром или аутизам.

Во друштво на Брижит Макрон членови на француската Влада се запознале со келнерите во „Веселото кафуле“.


„Ги повикувам сите они кои сакаат да пробаат, на пример слатки, сендвичи или кафе во „Веселото кафуле“, бидејќи тоа е добро за сечие ментално здравје“ – рекла Брижит на отвoрањето.


Еден од келнерите за медиумите изјавил дека новата работа му е „супер лесна“, затоа што сите се весели, имаат доверба едни во други, но и обврски. Првата дама на Франција е во центарот на вниманието поради стилот на облекување, но овој пат направи еден хуман гест.