(ВИДЕО) Изненадување со многу емоции: Тамара на гости кај Нина

Добивај вести на Viber

Нашата годинашна претставничка на „Евросонг“, Тамара Тодевска, го посети домот на Нина Костовска и специјално за неа ја отпеа темата „Proud“.

- Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот. Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост. Нина, се гордеам со тебе! - порача Тамара.

Нина ѝ е добро позната на македонската јавност. Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници. Дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители. Нејзиниот животен став, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability“.