(ВИДЕО) Како да се шминкате додека носите заштитна маска: Медицинска сестра има уникатна идеја
Ако мислевте дека со новите мерки кои налагаат задолжително носење маска, нема да можете да се шминкате, или ќе трошите продукти без некој да го види вашиот труд - оваа медицинска сестра има брилијантна идеја.
Тешко е да ја покажете вашата беспрекорна шминка додека е покриено половина од вашето лице - односно, штета е да се троши шминката кога добар дел од неа нема да биде виден.
Здравствената работничка Ангелина, ја совлада тактиката за носење лична заштитна опрема додека плус заштедува пари на скапи производи за убавина, па таа ја сподели својата брилијантна идеја во кратко видео.
Во видеото, Ангелина вели дека нејзини соработнички ја прашале зошто троши толку многу шминка кога носи маска.
Таа ја извади маската за лице и откри дека воопшто не носи шминка под неа - таа се шминка само на горната половина од лицето што е видлива.
Нејзината порака е едноставна - може да изгледате добро и додека се чувате себеси и другите безбедни, но нема потреба да губите време и да нанесувате слоеви шминка на дел од вашето лице што никој нема да го види.
@angellynnrodz Ain’t nobody trying to waste $50 foundation! ##rude ##mindyourbusiness ##facemask ##work ##scrublife ##essential ##covid19 ##funny ##makeup
original sound - angellynnrodz